Агенда.мк

контент агрегатор

Чоколадни бомбици со кокос Чоколадни бомбици со кокос
Пробајте ги овие чоколадни бомбици кои ни ги испрати Викторија. Таа учествуваше во кулинарскиот предизвик, ни прати убави брилијанти рецепти и освои пакет со... Чоколадни бомбици со кокос

Пробајте ги овие чоколадни бомбици кои ни ги испрати Викторија. Таа учествуваше во кулинарскиот предизвик, ни прати убави брилијанти рецепти и освои пакет со производи од Витаминка.

Фотографијата и рецептот ни се допаднаа, па со големо задоволство ги споделуваме со вас. Вкусни, чоколадни и што е најважно, испробани и брзи.

Состојки: Подготовка: Бисквитите се мелат и се ставаат во длабок сад. Во садот со мелените бисквити се додаваат какаото, шеќерот во прав, румот и јајцето. Маргаринот се топи во сад на тивок оган. Потоа кратко се остава да се излади и млак се додава во смесата со бисквитите и какаото. Смесата убаво се промешува за да се изедначи. Во чоколадната смеса по вкус се додаваат ореви, чоколадо или желе бомбони. Од готовата смеса се формираат топчиња со големина на орев. На крај, бомбиците се валкаат во кокос од Витаминка. Вкусните чоколадни бомбици послужете ги со топло кафе и уживајте во светот на вкусовите!

Рецептот го испратила: Викторија Николовска.

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.

Целиот текст тука!

Se za hrana

Оваа вест е превземана од Се за храна Повеќе на www.sezahrana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *