Агенда.мк

контент агрегатор

Мини колачи со јагоди Мини колачи со јагоди
За овие колачи ќе ви треба мали форми.Оваа доза за 4 колачиња.Прво испечете пандишпан. Изматете 2 белки со шеќер, додадете жолчки, какао и брашно,... Мини колачи со јагоди

За овие колачи ќе ви треба мали форми.
Оваа доза за 4 колачиња.
Прво испечете пандишпан. Изматете 2 белки со шеќер, додадете жолчки, какао и брашно, измешајте и ставете во плех да се пече.
Со една поголема чаша исечете 4 поголеми кругови, а со помала 4 помали кругови.
Желатинот ставете го во чаша со 50 мл. вода.
Јагодите изблендирајте ги со шеќер, додадете половина од желатинот и ставете на шпорет да зоврие. Јагодите поделете ги во калапите и ставете во фриждер да се стегне.
Шлагот изматете го, додадете кондензирано млеко, желатинот стопете го и додадете го во шлаг.
Извадете ги од фрижидер калпите со јагоди, ставете го врз нив помалиот круг од пандишпан, ставете шлаг и врз него поголемот круг од пандишпан. Ставете ги колачите  во фрижидер да се стегнат.
Сервирајте ги колачите со шлаг и јагоди.
Многу вкусни и освежителни. Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *