Агенда.мк

контент агрегатор

Мекдоналдс за малку ќе изгледаше вака – откриен предлог-дизајн од 1973 година Мекдоналдс за малку ќе изгледаше вака – откриен предлог-дизајн од 1973 година
Тешко е да се замисли бренд како Мекдоналдс без своите заштитни бои – црвена и жолта. Златните лакови на Мекдоналдс го издржале тестот на... Мекдоналдс за малку ќе изгледаше вака – откриен предлог-дизајн од 1973 година

Тешко е да се замисли бренд како Мекдоналдс без своите заштитни бои – црвена и жолта. Златните лакови на Мекдоналдс го издржале тестот на времето и претставуваат симбол на една иконична „институција“ ширум светот. Но, да не бил тогашниот разумен бренд менаџер на компанијата, приказната можела да биде сосем поразлична.

Неодамна, Центарот за дизајнерски студии „Vignelli“ при Институтот за технологија во Рочестер, дигитализирајќи го наследството на дизајнерското студио Unimark International од Чикаго кое банкротирало во 1977, откри предлог-дизајн за Мекдоналдс од 1973 година.

Очигледно е дека дизајнот бил рефлексија на времето во кое е создаден, доаѓајќи од дизајнери кои веројатно припаѓале на високата средна класа. Доминира стандардната картонска кафеава боја, со примеси на психоделија во комбинацијата на боите, фонтовите и повторувањето на текстот.

Но, одразувајќи само еден период, тешко дека овој дизајн би го издигнал брендот до глобалната транс-временска препознатливост која денес ја има.

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *