Агенда.мк

контент агрегатор

Икеа ја отвори својата прва продавница во Малезија со одлична локализирана кампања Икеа ја отвори својата прва продавница во Малезија со одлична локализирана кампања
Локалниот дијалект Хокиен му помогна на Икеа да го постави тонот на идната комуникација Икеа ја лансираше својата прва продавница во Пенанг, Малезија, со... Икеа ја отвори својата прва продавница во Малезија со одлична локализирана кампања

Локалниот дијалект Хокиен му помогна на Икеа да го постави тонот на идната комуникација

Икеа ја лансираше својата прва продавница во Пенанг, Малезија, со одлични принт реклами кои користат локален јазик кој се нарекува Хокиен со цел да ја подигнат свеста за брендот.

Додека четирите главни јазици во Пенанг се широко распространети: малајски, англиски, кинески и тамилски, претпоследната по големина малезиска држава е најпозната по својот посебен дијалект Хокиен, познат како Пенанг Хокиен.

Агенцијата зад кампањата е BBH Сингапур, која користеше паралелни визуелни елементи како кокошки и шкафови со зборовите: “Ние не сме Kay Kia. Ние сме Икеа“, каде што Kay Kia на дијалектот Хокиен значи кокошка. Веќе може да разберете што значат другите термини во рекламите што следат подолу.

“Сакавме да ја претставиме Икеа во Пенанг со атрактивна кампања со која корисниците ќе можат да се поистоветат, а која ги зема во предвид уникатните културни нијанси на овој град”, изјави Најџел Ричардсон, шеф за маркетинг за Икеа во Југоисточна Азија, додавајќи: “Новата кампања е веќе доста популарна и се надеваме дека ќе се задржи оваа возбуда и во втората фаза од кампањата”.

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *