Агенда.мк

контент агрегатор

Велигденски ѓумбир колачи Велигденски ѓумбир колачи
Овој рецепт го испробавме со мерак, а е споделен од драг пријател на кој во оваа прилика се заблагодаруваме. Во пресрет на еден од... Велигденски ѓумбир колачи

Овој рецепт го испробавме со мерак, а е споделен од драг пријател на кој во оваа прилика се заблагодаруваме. Во пресрет на еден од најзначајните христијански празници, ви предлагаме да си направите велигденски ѓумбир колачи во форма на јајце или зајаче. Поканете ги и помалите членови на семејството и уживајте во подготовката.

Светот на вкусовите ве очекува, пробајте ги, а еве го рецептот!

Состојки: Декорација/прилог: Подготовка: Во еден сад измешајте ги сувите состојки. Ставете ги брашното, какаото, прашокот за печиво, циметот, ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер. Измешајте ги. Во друг сад изматете го јајцето, а потоа додајте ја меласата и ѓумбирот. Путерот стопете го на ниска температура и додајте го во садот со јајцето. Измешајте ги течните состојки за убаво да се соединат. На крај, измешајте ги смесите од двата садови така што течните состојки ќе ги додадете во садот со сувите. Измесете ги и направете мазно тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер за време од 2 до 4 часа, а потоа оформете ги колачите. Печете во обложена тава со хартија за печење, на температура од 180 степени за време од 20 минути или додека колачите заруменат, зависно од рерната.

Ви препорачуваме да прочитате: Старински

Целиот текст тука!

Se za hrana

Оваа вест е превземана од Се за храна Повеќе на www.sezahrana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *