Агенда.мк

контент агрегатор

Вирална објава по трагичната сообраќајна несреќа: … Вирална објава по трагичната сообраќајна несреќа: …
• Четврток, 14 Февруари 2019 14:00 Објава на скопјанка стана вирален хит на социјалните мрежи по трагичната несреќа, бидејќи ја потсети цела Македонија дека... Вирална објава по трагичната сообраќајна несреќа: …

• Четврток, 14 Февруари 2019 14:00

Објава на скопјанка стана вирален хит на социјалните мрежи по трагичната несреќа, бидејќи ја потсети цела Македонија дека болката и тагата не познаваат вера и нација.

Весна Попоска, која е генерален секретар на Меѓународниот Универзитет „Визион“, Гостивар, и често патува на релација Скопје-Гостивар, напиша емотивен текст кој повикува на обединетост и добрина во овие моменти на тага.

Патувам со „Дурмо Турс“ веќе пет години, со истите добро препознатливи црвени автобуси, речиси секој ден. Шоферите со кои најчесто патувам се прекрасни луѓе и исклучително внимателни, ме гледале секогаш како свое дете. Сме патувале низ пороен дожд, тежок снег и густа магла. Верувам дека и денес кој и да возел возел со најголемо внимание и најдобро што може. Во тој автобус денес се возеа наши пријатели, соседи, роднини…

Гостиварци се исклучително добри луѓе и не заслужија ваква трагедија. Никој не заслужува вакво нешто. Многу, многу ми е жал и срцето ми плаче. Меѓу настраданите и повредените има и Македонци, и Турци, и Албанци, а и месното население кое притрча прво напомош е исто така од мешан етнички состав. Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог, за доброто на сите

Целиот текст тука!

Femina

Оваа вест е превземана од Фемина. Повеќе на www.femina.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *