Агенда.мк

контент агрегатор

Ролат плетенка со чоколадо Ролат плетенка со чоколадо
Во еден сад ги ставаме 200мл. топло млеко, шеќерот, квасецот, солта, оцетот, зејтинот и кората од лимон. По потреба ставаме од брашното и замесуваме... Ролат плетенка со чоколадо

Во еден сад ги ставаме 200мл. топло млеко, шеќерот, квасецот, солта, оцетот, зејтинот и кората од лимон. По потреба ставаме од брашното и замесуваме средно меко тесто. Од горе тестото го премачкуваме со зејтин.
Го оставаме 20-30минути да нарасне.

Нараснато тесто го делиме на 3 едакви дела, секој дел го сукаме во правоаглона форма и врз него ставаме рендано чоколадо и го мотаме во ролат.

Така правиме и со одтанатите два дела од тестото.

Откако ќе ги направиме и трите дела во ролати, од нив правиме плетенка, која ја ставаме во калап претходно премачкан во зејтин.

Вака готовата плетенка од горе ја премачкуваме со јајце и ја наросуваме со сусам,  ја прелеваме со топло млеко и ја оставаме убаво да нарасне.

Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс – Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *