Агенда.мк

контент агрегатор

Солени грицки со разни семки Солени грицки со разни семки
Прво ленот го ставме во нутрибулет да го сомелиме.Тука ја додаваме водата и чиа семките.Промешуваме.Нека одстојат така 15 минути.На тој начин ќе добиеме смеса... Солени грицки со разни семки

Прво ленот го ставме во нутрибулет да го сомелиме.
Тука ја додаваме водата и чиа семките.
Промешуваме.
Нека одстојат така 15 минути.
На тој начин ќе добиеме смеса која заменува белка, за сврзување.
Во сад ги ставаме состојките од садот на нутрибулет, сончогледот, сусамот, семките од тиква, солтта, биберот, овесните снегулки, брашното.
Промешуваме.
Во нутрибулет ги ставаме сувите домати и маслиновото масло.
Соединуваме.
И оваа смеса ја додаваме кај претходната смеса.
Убаво соединуваме.
Земаме лист хартија за печење.
Ја истураме смесата.
Врз неа поставуваме уште еден лист хартија .
Со помош на сукало ја израмнуваме.
Го одстрануваме горниот лист хартија.
Плехот го ставме во загреана релна на 200 с и печиме 35 -40 минути.
Листот хартија заедно со печените грицки го вадиме на работната маса.
Со помош на алатка за сечење на пица сечеме на парчиња.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *