Агенда.мк

контент агрегатор

KFC ја враќа фризурата во форма на „чинија“ KFC ја враќа фризурата во форма на „чинија“
Фризурата во форма на „чинија“ од 90-те години на минатиот век е тренд што повеќе од луѓето не би сакале да проживеат уште еднаш,... KFC ја враќа фризурата во форма на „чинија“

Фризурата во форма на „чинија“ од 90-те години на минатиот век е тренд што повеќе од луѓето не би сакале да проживеат уште еднаш, но за оние кои тоа го сакаат, брендот за брза храна KFC понуди уникатна можност да ја скратат косата во форма на „чинија“ во кампања за промоција на сопствената чинија со пилешко (т.н. „Famous Bowl“).

Имено, KFC организираше pop-up настан во Њујорк, на кој фановите можеа да добијат фризура во форма на „чинија“ во чест на промотивната цена од 3 долари за една чинија пилешко, или со новиот зачинет вкус („Spicy Famous Bowl“). Секој од учесниците кој се одлучил да ја направи фризурата бил наградуван со купон за бесплатна нарачка.

Новата кампања на KFC вклучува и посебна веб-страна (kfcfamousbowlcuts.com) на која фановите може да најдат пет различни верзии на фризурата, кои можат да им ги покажат на своите фризери како сакаат да изгледаат.

Брендот ги покани сите фанови со фризура во форма на „чинија“ да го споделат својот изглед на Твитер со хаштагот #KFCFamousBowlCuts.

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *