Агенда.мк

контент агрегатор

(ФОТО) Протести против уставни измени пред Собрание (ФОТО) Протести против уставни измени пред Собрание
На температура од 1 степен над нулата во главниот град се одржуваат протести. Причината добро позната. Уставните измени. Неколку граѓански организации кои со недели... (ФОТО) Протести против уставни измени пред Собрание

На температура од 1 степен над нулата во главниот град се одржуваат протести.

Причината добро позната. Уставните измени. Неколку граѓански организации кои со недели наназад протестираат против промена на името и денеска излегоа пред Законодавниот дом за да се спротивстават на одлуките на владеачката гарнитура која се уште не знае дали ќе успее да го протне Договорот од Преспа со кој Македонија ќе стане Република Северна Македонија.

Јавноста веќе трет ден е во исчекување на мнозинството за уставни измени а седницата и денеска е пролонгирана.

 Пленарната сала е речиси празна, а од собраниските служби засега нема официјална информација кога ќе продолжи седницата.

Дел од медиумите брифираа дека премиерот Заев и лидерот на Беса Билал Касами утринава требало пак да се сретнат. 

Претходно беше соопштено дека нема договор меѓу двајцата лидери и дека Заев ги одбил барањата на Беса.

Целиот текст тука!

Faktor

Оваа вест е превземена од ФАКТОР. Повеќе на www.faktor.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *