Агенда.мк

контент агрегатор

Почнува „ракометната еуфорија“ – Светското ракометно првенство 2019 Почнува „ракометната еуфорија“ – Светското ракометно првенство 2019
Денес почнува Светското ракометно првенство коешто оваа година се одржува во „најракометните“ земји во светот – Германија и Данска.Повторно нѐ фаќа еуфорија, се подгреваат очекувањата, се... Почнува „ракометната еуфорија“ – Светското ракометно првенство 2019

Денес почнува Светското ракометно првенство коешто оваа година се одржува во „најракометните“ земји во светот – Германија и Данска.Повторно нѐ фаќа еуфорија, се подгреваат очекувањата, се предвидува, се прават комбинаторики… Влегуваме во „ракометна треска“ која барем за момент ни го одвлекува вниманието од секојдневието, и нѐ прави горди што нашата репрезентација се бори за пласман рамо до рамо со најдобрите екипи.

Со години наназад, нашата машка ракометна репрезентација е главен „виновник“ за гордоста што ја чувствуваме со секој гол, секоја победа на  врвните ракометни настани. Тимот е  составен од професионалци кои играат за најдобрите европски екипи, идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух… На Мундијалот во Германија и Данска нашите момци ќе бидат сместени во групата Б, каде што задачата за пласман во наредната рунда на светскиот ракометен собир воопшто нема да биде лесна, затоа што ќе имаат квалитетни ривали.

Раул Гонзалез на Светското првенство ќе води подмладен тим, кој ќе се бори со: европскиот првак Шпанија, секогаш незгодната Хрватска, редовниот ривал Исланд, како и азиските селекции Јапонија и Бахреин, за кои се вели дека се „меч со две острици“.

Со вакви опасни противници, бодрењето на нашите ракометари од трибините во Минхен ќе биде голем поттик за

Целиот текст тука!

Faktor

Оваа вест е превземена од ФАКТОР. Повеќе на www.faktor.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *