Агенда.мк

контент агрегатор

„Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ стана … „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ стана …
• Петок, 11 Јануари 2019 14:45 Бенхамин Рохас и неговата девојка Мартина Санчез Акоста станаа родители. 33-годишниот актер, кој кај нас е познат по... „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ стана …

• Петок, 11 Јануари 2019 14:45

Бенхамин Рохас и неговата девојка Мартина Санчез Акоста станаа родители.

33-годишниот актер, кој кај нас е познат по улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, ја објави среќната вест на Instagram заедно со фотографија со новородената ќеркичка.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.

Мајката Мартина се породи со царски рез, а бебенцето тежело 2 килограми.

На средината на декември, Бенхамин сподели фотографија од неговата бремена девојка и напиша: „Се сеќавам кога првпат те видов во Телефе. Си реков: ‘Колку убава девојка, би сакал да ѝ бидам момче’. Тоа ми беше најтешкиот кастинг во животот. Но, успеав. Јеее“.

Аргентинскиот актер и продуцентката се во врска 7 години, а се запонзале во телевизиската куќа Телефе.

Целиот текст тука!

Femina

Оваа вест е превземана од Фемина. Повеќе на www.femina.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *