250,00 ден

Сите наши тела

Автор: Георги Господинов
Издавачка куќа: ИЛИ-ИЛИ
Едиција: Проаза
Број на страни: 141
Година на издавање: 2019
Превод: Душко Крстевски

На залиха

,
Сподели

Овие раскази можат слободно да се именуваат како микрораскази. Кратки, секавични, налик на едноминутните новели на Иштван Еркењ и приказните на Хармс, Господинов успева да вметне максимум информација во минимум јазичен простор. Ниту еден од овие стотина раскази не е здодевен, изнасилен, банален или „залудно испукан куршум“. Варираат според темите што ги покриваат. Присутни се и мноштво моменти на таканаречената ониричка фантастика (фантастика на сонот), темата на животот и смртта споени во новата поетска фантастика, па сè до сликите од детството кои истовремено и иницираат носталгија и нè оставаат замислени за тоа каде се изгуби невиноста на животот. Самиот Господинов верува дека во време кога веќе не постојат големи нарации во книжевноста, а долгите говори се сведуваат на кафанско дрдорење или малограѓански озборувања, една ваква книга е повеќе од потребна за да ни овозможи да го искомбинираме литературниот вкус и уметничкиот слободен термин во секојдневниот набиен распоред на работа и тривијални обврски. Овие микрораскази се совршена лектира додека го чекаме утринскиот автобус, додека чекаме да нè повикаат на шалтер во банка и додека ја чекаме девојката или дечкото во преполното кафуле. Совршена книга за кратки медитации.

Душко Крстевски

Questions and Answers

You are not logged in