Ништо не е поблиско до нас самите од приказна на Хуан Хосе Милјас. Истовремено ништо не е поизненадувачко, полно со напнатост, со невообичаени ефекти и апсурдни ситуации кои се испреплетуваат со неумолива логика: логика на хаосот, носталгија за загубеното чувство на единство, катастрофална потреба да се живее во апокалипса. Романот Светот предизвикува задоволство благодарејќи на ефикасната и прецизна проза, го поведува читателот да се забавува, но истовремено потврдува дека светот е, несомнено, непријателско место во кое сите се прилагодуваме онака како што умееме.
Сања Михајловиќ-Костадиновска – Во кратки црти
150,00 денЗбирката е подредена во три кохерентни циклуси: „Средби и сеќавања“, „Метаматерија“ и „Замислени светови“. Расказите се запишани во трето и почесто во прво лице, од веродостоен наратор, кој сепак повремено како со сласт да ужива и во неверодостојност, користејќи ја за заводливо да го води читателот низ приказната. […] Речиси сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати, кои сепак се некаде во современоста и во урбани средини, а тоа остава впечаток на автобиографичност на расказите. Но, овој пристап (неретко исповедниот тон и одмерената лиричност, кои ни за миг не оддаваат нијанси на патос) може да се гледа како мала, незабележлива и успешно приредена замка, а онаа нежна, спонтана запрашаност помеѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата е само уште една питка одлика на оваа збирка. […] Живко Грозданоски