Зигмунт Бауман – Странци пред нашата врата

250,00 ден

Бауман е еден од најзначајните социолози и филозофи на дваесеттиот и дваесет и првиот век. Автор на голем број дела, дел од кои се објавени од Слово на македонски јазик. Во книгата Странци пред нашата врата станува збор за проблемите поврзани со феноменот на бегалтвото од насилство и војни, проблеми со кои сите ние се соочуваме секојдневно. Се разбира, книгава го третира тој проблем на аналитичко, спциолошко и антрополошко ниво. Проблемот на бегалството е фенеомен со кој човекот се соочува од најраните периоди. За луѓето зад затворените врати, бегалците, како и овие денес од Блискиот Исток или Авганизтан, се секогаш странци, странци кои генерираат страв и неудобност, покрај другото затоа што се непознати, затоа што се туѓинци. Денес ние сме соочени со екстремни форми на бегалство, кога тв и другите медиуми се полни со тнр. „мигранска криза“ која ја покрива Европа. Дебатата открива дека огромен број луѓе, евтропско население, е опфатено од страв, од зло, како што се вели, кое му се заканува на комотниот и мирен живот.  Бауман ги анализира корените, причините и последиците од оваа „морална паника“. Тој покажува како политичарите го употребуваат стравот од доаѓањето на туѓинците, како тој страв се шири до големи размери, поврзан со оние кои најмногу изгубиле, бедните и напуштените.

Хорхе Луис Борхес – Историја на вечноста

300,00 ден

„За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и Кружното време (1943 г.) – во кои авторот аргументира дека идеите за вечното враќање и за кружното време, во суштина, имаат димензија на фантастични инвенции. Збирката, исто така, содржи и три книжевни есеи: фасцинантната студија за метафората (Кенингар, 1933; Метафората, 1952), како и феноменалната историја на преводите на Илјада и една ноќ (Преведувачите на Илјада и една ноќ, 1935 г.). Збирката ја комплетираат расказите кои имаат намера да бидат еден вид рецензии (Приближувањето до Ал-Мутасин, 1935) и духовитата расправа за стратегиите на навредувањето (Уметност за навредување, 1933).

Чеслав Милош – Заробениот ум

600,00 ден

„Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок. „Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“ – Чеслав Милош

Томислав Османли – Медиумот што недостасува

300,00 ден

„Препрочитувајќи ги, по неполни три децении, содржините на оваа книга есеи за урбаните феномени што во тоа време ми се чинеа актуелни, особено оние што кај нас недостасуваа, помислувам колку опстојно – и покрај долгиот помин на време – таквите појави и однесувања настојчиво недостигаат во нашава средина. Не дека таа во меѓувреме не се измени, и тоа многу. Урбанитетот доживеа трасформации од поранешната испразнетост кон преполнетост, од неисполнетоста на голем дел од градските простори кон постојниве, урбанистички презаситени ткаења, од расположливиот кон окупираниот градски амбиент, но и од концептуалниот модернитет во минатото кон еден конзервативен инженеринг, изведен и преживеан во центарот на главниот град, сега начичкан со претенциозни структури и кичерски градби од механички копирани и лажно креирани, во секој случај туѓи (на овој град и на неговите жители), авторитарно наметнати стилови… Скопје и денес ги лечи раните од претераната и незапрена градба, од освојувањето на целото подножје на питомата планина што најблиску се издига над градот, која е божем заштитена сфера, па сè до центарот, изведен во незамислив хибрид, еден вид кириличен барок, мегаломански неокласицизам и еден вид „касписки“ ампир од претенциозни и лажни фасади што, неопстојни како материјал, инвестиција и естетика, потклекнуваат под ударите на скопските дождови и летните изгори, и сами се лупат и отпаѓаат…“