Бојан Бабиќ – Илегален Парнас

250,00 ден

Главниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен.

Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.

Човекот што зборуваше змиски Андрус Кивирахк

400,00 ден

Ова е приказна за момчето Леемет, жител на една естонска шума во времето на средновековна Европа, кој има за задача да ги зачува древните традиции на прагот на модерното време.