Агенда.мк

контент агрегатор

И тоа се случи: Бобан Марјановиќ ја постигна првата НБА тројка! (ВИДЕО)
Кошаркарите на Филаделфија 76ерс загубија на гостински терен од Атланта Хокс со 129-127, но мечот засекогаш ќе остане врежан во сеќавањето на Бобан Марјановиќ. Имено, српскиот центар, висок 222 сантиметри на вчерашниот меч успеа да ја постигне својата прва тројка во неговиот четиригодишен престој во НБА лигата. Историската прва тројка... Читај понатаму
ПИК Сегед во завршницата ја „скрши“ Висла Плок и обезбеди предност пред реваншот
Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, Висла Плок попушти во завршницата и во еден супер интересен меч загуби на свој терен од ПИК Сегед (20-22). Унгарскиот првак се наоѓа на чекор до дуел со Вардар во четвртфиналето и соочување на Кањељас и Македа со поранешната екипа.... Читај понатаму
ВИДЕО: Тенискиот свет го осуди Вавринка – за малку со топчето ќе го нокаутираше Крајиновиќ
Стан Вавринка го заврши својот настап на Мастерсот во Мајами, откако по голема битка беше елиминиран од Филип Крајиновиќ, со 2-1 во сетови. Мечот изобилуваше со прекрасни поени, но еден на Вавринка, кој беше во најмала рака и неспортски, го одбележа нивниот дуел. При водство на Швајцарецот од 2-1 во решавачкиот... Читај понатаму
ВИДЕО: Русите го истурија бесот врз Казахстан, победнички старт за Велс и Гигс
По поразот кај Белгија во 1. коло од квалификациите за Европското првенство 2020, репрезентацијата на Русија го истури бесот врз Казахстан (0-4) за први бодови во групата И. Еден од најдобрите поединци на Светското првенство изминатото лето, Денис Черишев, продолжи во одлична форма и беше стрелец на првите два... Читај понатаму
Гоблен не е веќе „фенерџија“, го совлада Генч Калемлер за втора победа во низа
Фудбалерите на Гоблен продолжуваат со одличните настапи во пролетниот дел од сезоната на ВМФЛ-Запад, откако попладнево пред својата публика извојуваа херојска победа над директниот конкурент за опстанок во лигата, Генч Калемлер (1-0).  Гоблен цели 11 меча не знаеше за победа во домашниот шампионат, но откако црната серија ја прекина... Читај понатаму
Кобетиќ: Ни самите не знаеме што ни се случи во последните десет минути! 
Битолски Пелистер за малку со голема сензација ќе ги стартуваше настапите во плеј-офот на Суперлигата, откако цели 50 минути беше во игра за победа против Металург, но на крај вицешампионот искусно ги запиша првите бодови во домашниот шампионат (28-26).  Еден од најдобрите поединци на „зелено-белите“ Марко Кобетиќ (осум гола) по... Читај понатаму
Македонците се главни во Љубљана: „Словенија мора да падне!“ (ФОТО)
Македонската фудбалска репрезетнација ќе има поддршка на мечот против Словенија кој се игра во Љубљана на стадионот „Стожице“, во рамки на второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Има многу нашинци кои живеат во Љубљана и веќе се на улиците. Некои од навивачите допатуваа... Читај понатаму
Македонија против Словенија со 3-5-2 и Елмас од првата минута?
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, веќе го има составот за мечот против Словенија, а претпоставката е дека ќе менува формација и ќе има еден новајлија во тимот од претходниот меч. Претпоставките се дека Ангеловски на терен ќе испрати играчи со 3-5-2 формација за напад, која во дефанзивата... Читај понатаму
Игор Ангеловски ги спреми фудбалерите: „Македонија, фамилија!“
Македонија подготвена го чека натпреварот со Словенија во Љубљана. Членовите на А-тимот го искористија сончевото време за мала прошетка, а селекторот Игор Ангеловски испрати јасна порака. „Македонија, фамилија“, напиша Ангеловски на социјалната мрежа „Инстаграм“ и објави фотографија од тимот. Во таборот на Македонија владее позитивна атмосфера пред дуелот во... Читај понатаму
ВИДЕО: Една грешка во дефанзивата за нов пораз на Македонија У21 на „Анталија Куп“
За разлика од А-селекцијата која ред два дена и одржа фудбалска лекција на соодветната репрезентација на Летонија, попладнево надежите до 21 година забележаа пораз од минимални 0-1 (0-0) од младите Летонци на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп“.  За новата генерација на Благоја Милевски, кој на кормилото на селекцијата се... Читај понатаму