Агенда.мк

контент агрегатор

Карфиол и брокула со бешамел и моцарела Карфиол и брокула со бешамел и моцарела
Карфиолот и брокулата исечете ги на помали цветчиња.Ставете ги во тава со малку вода.Покријте со капак и на тивко оставете да подомекнат.Ако има потреба... Карфиол и брокула со бешамел и моцарела

Карфиолот и брокулата исечете ги на помали цветчиња.
Ставете ги во тава со малку вода.
Покријте со капак и на тивко оставете да подомекнат.
Ако има потреба додајте по малку топла вода.
Извадете ги од тавата и оставете да се исцедат.

Бешамел
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и кратко запржете го.
Налејте го топлото млеко и со жица матете додека се згусти.
Посолете по вкуси наросете црн бибер.

Наредете ги цветовите брокула и карфиол во стаклен сад за печење премачкан со малку путер.
Ставете го сецканото лукче.
Прелејте со бешамелот и наредете ја најгоре моцарелата исечена на кругови.

Печете на 200 степени, 20 минути или може малку повеќе додека се запече бешамелот и моцарелата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *