Агенда.мк

контент агрегатор

Моево Моево

Моево

Мамички август 1, 2018 La Madre 0

Мамички, време е некој да ви каже преку еден поинаков блог за вистината на родителите и децата. Сите знаете дека “моето дете е нјапаметно,... Моево

Мамички, време е некој да ви каже преку еден поинаков блог за вистината на родителите и децата.

Сите знаете дека “моето дете е нјапаметно, прооде на 4 месеци, разбира се, збори од 5 месеци, никогаш не било болно” и сите останати работи што ги кажувате на блиските убедени дека имаат колективно никаква меморија за вашето дете иако сте секој ден заедно, и секако, добро знааат дека детето на 1 година уште не одеше и не збореше, и дека цела година кашла и му тече нос (или што би рекле нашите мамички “од плачење е тоа”). Ама што да се прави со овој живот во кој иако мислевте дека најголемо достигнување ќе ви биде детето, сега сакате и самите да се надминете со тоа што вашето дете ќе биде ако не најдобро – подобро од сите други деца.

Желбата да го докажете тоа секако се манифестира преку убацување на реченица што почнува со “моево” во секој поврзан и неповрзан муабет и изнаоѓање на невозможни начини да се уфрли детео во најдалечната можна тема.

На пример: “Се отвори ново место во Дебар маало, да одиме?”. “А јас со моево еднаш проѓаме низ Дебар маало и ми вика замисли: Мамо, ова е Дебар Маало, а само 5 месеци дали имаше…”. Да не ги спомнувам твитови или постови со наслов “Мамо, како настанал универзумот?”, “Марко, 3 години”.

Мамички, вие пред сте жени, индивидуи со широка палета на интереси и хобија, кои во денот имаат разни активности, кои сакаат да учат нови работи и да се дружат со и без деца, потоа сте професионалци во некое поле, па сте многу други работи исто како и мајки. Не бидете “мамички” што гледаат турски серии и читаат форуми, не бидете “мамички” што ги замараат сите околу себе со своите деца, или не бидете “мамички” воопшто. 

Вие сте многу повеќе од тоа.

La Madre

Текстовите се авторски и излегуваат еднаш во неделата. Авторката е пред се мајка на која и смета што најпаметните се најтивки и обратно и добри совети за деца практично и да нема на нашиот интернет простор. Овој блог е еден вид критика на културата на воспитување на деца која преовладува кај нас.

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *