Агенда.мк

контент агрегатор

Сами сте си криви Сами сте си криви
5
Мамички, време е некој да ви каже преку еден поинаков блог за вистината на родителите и децата. Зошто сите се лутите кога ќе кажам... Сами сте си криви

Мамички, време е некој да ви каже преку еден поинаков блог за вистината на родителите и децата.

Зошто сите се лутите кога ќе кажам дека вие сте криви?

Да почнеме со едно основно правило кое како да ги заобиколува земјиве од Балканот-“Здрави навики-здрави заби”. Па добро бе така наречени “мамички” на тоа вашите форуми каде саде нутриционисти, експерти и педијатри со светско реноме има, не ли најдовте некаде да прочитате дека за црни запчиња на мало дете сте виновни самите вие и тоа треба да се квалификува како неуспех на еден родител. Ништо друго, само неуспех. Прифатете дека не сте успеале да ја исполните улогата на родител на тоа поле, прочитајте нешто паметно, информирајте се, советувајте се и почнете од почеток.

На вешето детенце не му давате:

  • лижавчиња
  • бонбони
  • сокови кои содржат 20% овошје и 80% блага вода
  • чоколада кои по состав не се ни тоа
  • сладоледи
  • кроасани 
  • чоколадно млеко
  • и слични глупости полни со конзерванси и шеќери.

Во секоја развиена земја процентот на деца со црни млечни забчиња е сведен на минимум. Само кај нас кога се шеташ по парк, секое втро дете е со оние “ништо страшно, ќе му пораснат нови” запчиња. Во нормална земја ова би се сметало за негрижа, кај нас тоа се вика “и ние сме јаделе, па што ни фали”.

Ако не ми верувате мене, според една од најопфатните студии “The National Health and Nutrition Examination Survey (NHANES)”, 23% од децата помеѓу 2 и 11 години имаат кариес, и тоа најмногу помеѓу населението со помал степен на образование и/или примања.

Ако вашето дете баш сака да јаде благо, ќе му дадете една коцка чоколадо а не цело, ако сака сладолед ќе му дадете пола топка а не цел корнет, и така натака. Едноставно е. Ем детето ќе си ја задоволи потребата за благо ем нема да изеде 200 грама шеќер при тој процес. 

За други здрави и посложени благи, кои треба да ги направите дома сами, нема ни да зборувам. Сигурно немате време да ги спремите зошто не сте дочитале што има ново на форумот за мамички или на ТВ е новата епизода на “Сезона на црешите”.

La Madre

Текстовите се авторски и излегуваат еднаш во неделата. Авторката е пред се мајка на која и смета што најпаметните се најтивки и обратно и добри совети за деца практично и да нема на нашиот интернет простор. Овој блог е еден вид критика на културата на воспитување на деца која преовладува кај нас.

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *